Меѓу поранешните сопружници очигледно е дека сè уште има силни емоции, а нивните фанови не можат да бидат посреќни.
Џенифер Анистон и Бред Пит со своето однеусвање на 26тото доделување на наградите „ Screen Actors Guild“ ги стопија срцата на фановите ширум светот.
Парот за кој сите сакаат да се смири имал момент за кој денес сите зборуваат. „Џен и Бред конечно на луѓето им го дадоа она што со години го чекаа“ пишува ТМЗ.
Имено, Бред освои награда за улогата во филмот „Беше еднаш во Холивуд“, а Џенифер за улогата во драмската серија „The Morning Show“.
Во моментот кога Џенифер се појавила на сцената за да ја земе наградата, Бред Пит бил во бекстејџ и во тој момент застанал пред телевизорот за да ја гледа своја поранешна сопруга.
Како што пишуваат медиумите, во бекстејџ дошло до историска средба меѓу бившите сорпужниците.
Имено, тие се прегрнувале и бакнувале, а во еден момент кога Џенифер се свртела да се поздрави и со други колеги, Бред не ја пуштал од рака.