Во далечната 1991 година за првпат на само шест години, нашата позната пејачката Тамара Тодевска настапува на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пејачки и сестри Маријана и Росана.
Сега, 31 година подоцна на детскиот фестивал „Златно скавејче“ исто како и мајка си, на своја шест годишна возраст, ќе се претстави Хана.
Големиот прв деби соло настап на наследничката на Тамара ќе се случи во Македонската филхармонија на 13-ти ноември каде Хана ќе настапи со песничката „Битбокс кралица“.
Гордата мајка се пофали на Инстаграм објавувајќи ја Хана со деталите околу песната и настапот. „Битбокс кралица“ е авторско дело на пријателите и колеги на мама, Игор Џамбазов и Роберт Билбилов кои се потрудиле за Хана да направат ремек дело.
View this post on Instagram
Дека Хана ќе започне да пее и ќе оди по стапките на мајка си, Тамара откри на неодамна одржаното 37-мо издание на „Макфест“ каде настапи со песната „Замижи“, каде изјави дека Хана не и прави друштво во Штип како синчето Дарен, бидејќи се подготвувала за „Златно славејче“.
Дека крушата под крупа паѓа за малата Хана е јасно уште кога почна се почесто да сака да излегува на сцена со мама, а и да сака да танцува.
View this post on Instagram
Музичките гени кај идната мала ѕвезда се толку силни што доаѓаат од кај мама, тета Тијана, дедо Валко, баба Брана, од сите комплет, Хана, па и Дарен имаат многу што да земат и копираат, а ако тоа го прават како нив, а можеби и уште по маестрално, тогаш нивниот пат кон успехот и славата е јасен.
Среќно Хана!
фото:Инстаграм принтскрин/Јутјуб