Не е никакво чудо Јелена Карлеуша да ја видите гола во некој магазин, списание, интернет портал, на социјалните мрежи… Таа тоа го прави речиси секојдневно заради рејтинг на својата кариера и зголемена популарноста кај фановите.
Но да го видите нејзиниот сопруг во такво издание… тоа е веќе вистински раритет.
Репрезентативецот на Србија, Душко Тошиќ и сопруг на Јелена Карлеуша сепак направил серија провокативни, разголени фотографии, уште многу пред Карлеуша да се соблече… во медиумите.
Друштво на голите фотографии му прави седум години постарата манекенка и фото модел Александра Марјановиќ, која исто така на себе не носи ништо и позира како од мајка родена.
Душко на манекенката со рацете и ги држи голите гради, додека таа со фудбалската топка ги крие интимните делови на меѓуножјето. Оваи фотографии ги (ре)објави во денешното издание српскиот портал Блиц.
Фото: Богдан Ѓокиќ / Свет – репринт/приватна архива