Радио Милева нови проблеми

Испливаа пораки кои децата на Тања Савиќ ги праќале на татко им: „Таа е најлоша мајка на светот, ја мразам“

Испливаа пораки кои децата на Тања Савиќ ги праќале на татко им: „Таа е најлоша мајка на светот, ја мразам“

По една година борба за старателство на децата, Тања Савиќ ја доби битката и ги врати децата во Австралија.

Нејзините синови сега живеат со пејачката во Смедерево, а во редакцијата на пинк.рс сега пристигнале пораки кои наводно децата ги праќале на нивниот татко Душан Јованчевиќ кој е во Австралија.

„Им забрани на децата да ми се јавуваат. Новиот телефон им го купив на децата за да ми се јавуваат од Србија, а таа го исклучи и им забрани да ме бараат. Имам пораки од нив, децата се жалат на неа дека не им дава да ми се јавуваат. Тажни се и несреќни со неа“, пишува Душан.

фото: Пинк.рс

„Не патамам кога се слушнавме. Не можам да дојдам до нив. Не знам каде да пријавам за помош. Дали некој ќе сака да ми помогне за овој случај? Не им дозволува на децата да ме контактираат. Децата ме бараат, плачеа последен пат кога се слушнавме. Им бранат да плачат, им велат дека ако плачат ќе ја прекинат врската. Ги малтретираат децата, мора некој да ги пријави“, вели сопругот на Савиќ.

фото: Пинк.рс

Наводно, децата се незадоволни со животот во Србија и околината на Тања Савиќ.

фото: Пинк.рс

„Тато помогни ми, таа сака да знае што зборувам. Многу сум лута“, пишува синот на пејачката не неговиот татко.

фото: Пинк.рс

„Многу сум лут. Мама ме удари. Тато, не можам да живеам овде, не ми се допаѓа градот и досадно ми е. Сега ме казни и ми го зема телефонот. Го мрзим својот живот.  Не можам да издржам, ќе скокнам од терасата, нема тоа да го направам, но така се чувствувам. Јадам со сила бидејќи многу сум тажна“ додава синот на Тања во пораките кои ги пратил на Душан.

фото: Пинк.рс

„Ја мрзам, таа е најлоша мајка на светот. Не можам да живеам без тебе тато“, пишуваат децата на пејачката.

фото: Пинк.рс

„Мама ни вели: „Остави го татко ти, будала е“. Тоа многу ме растажува.

„Ќе ве штитам како и секогаш. Мораш да ме браниш и не смееш да дозволиш некој да каже нешто лошо за мене“, одговара Душан на синот.

„Не можам да живеам без тебе тато. Никогаш не плачев толку во животот. Многу сум тажен“, пишува синот на Душан и Тања.

фото: Пинк.рс

„Многу сум лут, многу се нервирам и не можем да се контролирам. Мака ми е од неа, ме снима. Сите околу мене се злобни, нон стоп плачам“, пишува наследникот на пејачката.

„Ти си најдобар татко на светот. Често размислувам како живеам со тебе, бев многу загрижен кога немавме интернет и не можевме да се слушнеме со тебе. Те сакам“, додава синот.

Потсетуваме, сопругот на Тања, во април претходната година ги зема децата и без нејзино знаење ги однесе во Австралија.

 

фото: Пинк.рс
фото: Пинк.рс

 

фото: Пинк.рс
фото: Пинк.рс

фото/извор: Пинк.рс

To top