Веста за ненадејната смрт на српскиот стилист и креатор Саша Видиќ (52) ја шокираше тамошната јавност.
Видиќ почина утрово на 52-годишна возраст во КБЦ „Бежанијска коса“ во Белград.
Видиќ во оваа здравствена установа бил примен во многу тешка општа состојба, од која „му немало спас“. Имал и почетна фаза на сепса.
Видиќ бил донесен во тешка состојба и веднаш приклучен на вентилатор. Според изворите, станува збор за септичка состојба и поради тоа е констатирана смрт поради кардиореспираторна инсуфициенција, а дефинитивната причина се уште не е позната.
View this post on Instagram
Роден е во 1971 година во селото Млака во Хватска, извесно време живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај неговиот вујко во Белград, кога избегал од војната во Босна како бегалец. Кариерата ја изгради во главниот град на Србија.
Саша Видиќ во својата долгогодишна кариера соработуваше со бројни познати личности од јавната сцена – пејачи, актери, водители, спортисти, политичари…
фото:Инстаграм принтскрин/Саша видиќ/информер.рс