Неодамна помалиот син на пејачката Лепа Брена ја покажа својата нова девојка, а можеби и идна снаа на големата Балканска ѕвезда.
Виктор Живојиновиќ е во врска со атрактивната русокоса Сандра Миљаковиќ за која се пишуваше дека веќе се вселила во вилата на Брена.Сандра во Белград студира српски јазик и книжевност, но исто така работи и како шминкерка и од тоа заработува.
На социјалните мрежи ја следат повеќе од 10 илјади следбеници, а навидум секогаш е средена од глава до пети.
Сандра може да се пофали со извајана фигура, тенок стук и долги нозе, а за нејзината физичка убавина добива само ласкави комплименти.
До каде ќе стигне оваа љубовна врска, и дали судбината и е предодредена да биде член на семејството Живојиновиќ, останува времето да покаже.