Радио Милева ДВЕ ВО ЕДНО

Исаура од „Преспав“ на сите ни ја честита новата година, а себе си си го честита роденденот: „Хепи брдеј ту ми“ (фото)

Исаура од „Преспав“ на сите ни ја честита новата година, а себе си си го честита роденденот: „Хепи брдеј ту ми“ (фото)

Емра Куртишова попозната по улогата на Исаура од популарната македонска серија „Преспав“ со своите пријатели на социјалната мрежа Инстаграм на нејзиниот профил, сподели неколку нови фотографии со повод.

Таа на најновата објава во раце ја држи малата Лена која дојде на свет на 30 октомври, а сега за прв пат се сликаше со Дедо Мраз и родителите.

„Хепи брдеј ту ми, хепи Њу јир ту ол оф ју!!! Виш ју ол д бест“  – напиша познатата актерка покрај фотографиите со цел да ни ги честита празниците на сите, а себе си си го честиташе роденденот.

А како подарок таа денес го има најубавото нешто кое заедно со сопругот Петар го држи во раце.

Емра пред мајчинството и брачниот статус, не беше  многу активна на социјалните мрежи, но сега откако нештата се сменија, актерката се почесто знае да открие нешто повеќе од нејзината приватност.

Фото: Instagram printscreen/ emra.kurtishova

To top