Радио Милева никако „под нож“...

Ирена Спировскa вака ја одржува својата младешка убавина: Добар масер и 3D инфраред ласер (ФОТО)

Ирена Спировскa вака ја одржува својата младешка убавина: Добар масер и 3D инфраред ласер (ФОТО)

Јавните личности преферираат да го одржуваат младешкиот изглед на полесниот начин, со пластични операции и многубројни хируршки интервенции.  Но, некои од познатите воопшто немаат таков проблем, благодарение на генетиката и природниот изглед.

Таков пример е познатата  македонска водителка Ирена Спировска пред која годините молчат и кај неа  воопшто не се забележува промена на изгледот.

Таа е една од оние дами што секогаш изгледаат средено, и прриватно и пред камерите, или пред фото –  објективот.

Природна кадрава коса, препознатливата шминка и вообичаено елегантните комбинации кога е во прашање имиџот пред камерите.

Познато е дека убавата водителката обожава и да планинари, па во опуштено издание често знае да објави нејзини фотографии со  некоја од нашите природни убавини.

Но, сега легната на козметичкиот кревет без шминка, таа на нејзиниот Инстаграм профил, во кратките приказни го покажа  природниот изглед кој воопшто не е многу  поразличен од вообичаениот.

Ирена Спировска знае како да го негува лицето и во овој период од годината кога студенилото може да  наштети. Хируршкиот нож никако, ама затоа ултразвучниот лифтинг со сигурност и беше добредојден, бидејќи само така ќе ја зачува убавината и еластичноста на кожата, а со тоа ќе ја зголеми и самодовербата дека и покрај годините, водителката останува иста и непроменета.

Потврда дека за совршена форма на телото и изгледот  на лицето не мора  да одите кај пластичен хирург… Доволен ви е само добар масер и  „3D“ – инфраред ласер“!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ирена Спировска

To top