Македонската ТВ водителка Ирена Спировска ужива во љубовната врска со Душко Исајловски.
Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, таа е резервирана и не сака многу да открива детали ниту пак да коментира. Меѓутоа, неодамна во медиумите осамнаа приказни дека наводно Спировска наскоро ќе заплива во брачните води.
Сепак, ваквите приказни останаа само како шпекулации бидејќи Ирена не се огласи да потврди или демантира.
Ирена и Душко вака или така, со или без документ функционираат одлично, а природата е теренот каде најмногу се чуврствуваат свои.
Па така, на социјалните мрежи, кај Ирена најмногу може да видиме фотографии од нивните заеднички спортски активности.
Кога се пак на некој јавен настан, тогаш елеганцијата не ги одминува.
Токму за последните фотографии што ги објави на Инстаграм, Ирена доби коментар дека со Душко така убаво дотерани се како султан Сулејман и Хурем.
Како спортисти или како актери од турска серија, Ирена и Душко изгледаат одлично еден покрај друг!