Во здраво тело, здрав дух! Добро позната изрека која веруваме дека е примарната дезиза на ТВ водителката Ирена Спировска.
Спортувањето е половина здравје, а позитивната енергија што ја носи, се рефлектира најпрвин на себе, а потоа и на опкружувањето. Со тоа пак, внатрешна убавина е гарантирана, а истата, највидлива е однадвор.
Овој рецепт за здрав и исполнет живот, без исклучок е принципот на Ирена, која е пример за жена што знае како да ги задоволи потребите за животен баланс. Нејзиното слободно време секогаш е организирано со агенда за планинарење и адреналин во природа.
Така деновиве Ирена го достигна врвот, поточно се искачи на највисокиот врв на Јулските Алпи, врвот Триглав кој е висок 2 864 метри и уште еднаш ја покажа својата одлична форма.
Придружба во оваа авантура и правеше и нејзинито момче. Спировска на својот „Инстаграм“ објави фотографија од планинарењето, а во описот напиша:
„ Триглав 2 864 мнв,изодени вкупно 26км,искачени 2000м висинска разлика, 12ч активно одење. Сакам пак.“ напиша Спировска.
Освен што го вкуси чистиот воздух, Ирина се напи и кафе….онака подготвено високо, на чист воздух и во различен амбиент…
Но и најде камен во форма на срце……
Се тоа несебично го сподели на нејзиниот Инстаграм профил.
Додека многу од македонските јавни личности уживаат на некоја егозтична плажа, Спировска ужива во поинаква летна авантура.