Радио Милева колекционерка на спомени

Ирена Спасовска тера “втора младост за сите пари“: „Не е краток животот, туку нам доцна ни текнува да го живееме“ (ФОТО)

Ирена Спасовска  тера “втора младост за сите пари“: „Не е краток животот, туку нам доцна ни текнува да го живееме“ (ФОТО)

Македонската фолкерка Ирена Спасовска долги години е на естрадата, но последниве најмногу во фокусот на медиумите. Што заради пеењето и песните, кои ги изведува беспрекорно како врвен професионалец, што заради нејзиниот живот, кој како и приватноста на секоја естрадна личност, на јавноста и е многу (по)интересен.

Мажена па разведена, потоа со долга врска зад себе од која ќе излезе и одново е соло, Ирена реши сето она што го пропуштила, што заради природата на работата, што заради животните околности, сега да го надомести.

Водејќи се од личната максима: „Не е краток животот, туку нам доцна ни текнува да го живееме“, русокосата фолкерка реши да тера „втора младост за сите пари“!

А каде има младост, која и да е, таму има и уживање, па затоа пејачката не пропушта секој слободен миг од своето време да го мине некаде каде што и е ќеф на душата, убаво на телото и весело расположението. Најчесто таквите мигови се доживуваат при нашите одмори, па затоа Ирена одлучи да ја репризира убавината од пред некоја година и да се упати на за неа, најегзотичната дестинација – Египет!

Море, сонце, плажа, песок… Сите летни убавини на едно место збрани, а во нив Ирена  испружена на песокот како сиена ужива “за сите пари“!

Кога меракот за плажа ќе и помине, чисто онака за не навлажнета да не и мине денот, тука е базенот… Оној големиот, хотелскиот, во кој од глуждови д гради пејачката се лади.

Природата на егзитичната дестинација нуди уште илјада и една занимација, па така фолкерката, онака стројна и бујна, здрава и права, реши да јава.

Во Египет место коњ се јава камила, па чувството што кај Ирена го измамила нејзината двогрба пријателка Назифа додека заедно го поминауваат времето – е бесценето!

Сепак, големата тетоважа на нејзината лева рака најдобро зборува што Ирена всушност најмногу сака. „Музиката е мојот живот“ – на неа пишува, па затоа и додека е на сосема поинаква локација, фолкерката не пропушти да ги развесели со песна присутните, од која и да се нација.

Штом се стемни и падне ноќта, по вечерата тргнува забавата, во која доаѓа времето пејачката да си го оправда реномето.

Го зеде микрофонот в рака, па на присутните гости Спасовака им запеа, онака од срце и душа песна македонска, а тие се фатија на оро.

Македонска песна во Египет, да ја чуе цел свет, да се развесели и да заигра кога во хотелската оаза среде пустина, ќе им запее Ирена!

Ако сте млади – уживајте во радоста што ја носи младоста. Ако не… „Ставете што повеќе монети на среќа на вашите спомени и уживајте во староста“ – од жешкиот Египет ви порачува Ирена Спасовска!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/spasovska.irena

 

 

 

To top