Музикатата е перманента во животот на фолк пејачката Ирена Спасовска, но кариерата и се’ останато имаат пониска позиција од она што е на пиедесталот, а тоа е нејниното се’ – ќеркта единица, нејзината Тамара.
Иако не многу сака да ја експинира во јавност, кога има повод и причина, мама Ирена со гордост сака да ја покаже и да се пофали со наследничката.
Овој пат имаа специјален ден – роденден на Тамара која наполни 23 години.
За роденденот на ќерката Ирена сакаше сите нејзнини следбеници да видат и знаат, па објави неколку фотографии од интимната домашна роденденска забава.
Славеничката имаше сина торта со „хелоу кити“, коса врзана како Пипи, ги дуваше свеќичките, замисли желба, а прва секако најубавото и го посака мама, а потоа очекувано се редеа и честитките во коментари.
-Среќен 23-ти роденден Тамара, ќерко моја единствена. Биди ми жива, здрава и секогаш среќна. Те сака мами! – пишува Ирена.
Тамара, како и мама, е вистинска убавица, а Ирена оддамна вели дека нејзината ќерка е многу музикална, па ако до сега не видовме и слушнавме дека тргнала по нејзините стапки, можеби наскоро ќе го стори тоа.
Среќен роденден!
фото:Ирена Спасовска/Фејсбук