Промотер

Ирена Петрова – Лола дава се’ од себе, за да биде – „Недостижна за тебе“ (ВИДЕО)

Ирена Петрова – Лола дава се’ од себе, за да биде – „Недостижна за тебе“  (ВИДЕО)

Атрактивната македонска фолк пејачка Ирена Петрова Лола недамна снимаше видеозапис за нејзината авторска песна „Недостижна за тебе“.

Песната за прв пат русокосата ја отпеја на  фестивалот „Тумба фест“ во Куманово, фестивал на новосоздадена македонска шегобијна песна, традиционална меѓународна манифестација, која на широко е прифатена од голем број на автори и изведувачи на народна музика. Фестивал на кој се пее на Кумановскиот дијалект, но и на други дијалекти.

Текстот на песната на Лола го напишал Орце Зафировски, додека музика и аражманот ги потпишува Цане Петров.

Спотот е снимен на неколку локации во Охрид, но дел од видеото е снимено и во Австралија.

Него го изработи ИН продукција ,а својата премиера  истиот ја имаше на сателитската ИНТВ.

Како тоа звучи и изгледа кога Ирена Петрова – Лола дава се’ од себе, за да биде – „Недостижна за тебе“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):