Лепа Брена наскоро ќе стане сопственичка на уште една јахта која ќе биде поскапа и полуксузна од јахтата која сега ја поседува.
Според пишувањата на српските медиуми, ова ќе биде инвестиција од која Брена планира да заработи.
Имено, во светот е познато дека може да се изнајмат јахти за пловидба, како за поединчено така и за групни организирани тури.
Брена со сопругот одлучиле да вложат во тој бизнис, односно ќе купат јахта од пола милион евра која планираат да ја издаваат, пишува курир.рс.
Токму поради и таа причина, Брена веќе неколку недели е во Монако. Наводно, на пејачката и се допаднале неколку јахти, но биле многу скапи, па се откажала од нив.
Јахтата на пејачката нема да биде само луксузна и модерна, туку ќе има и симбол кој потсетува на нејзината долгогодишна кариера. За тоа ќе се погрижи Боба кој веќе на својата сопруга и предложил како тоа треба да изгледа. Туристите на бродот ќе може да видат одредени работи кои и припаѓаат на Брена, како што се нејзини костими, накити, фотографии….
Постои и голема можност јахтата да се вика – Лепа Брена.
Сите кои ќе сакат да се возат со јахтата на Брена ќе мора да издвојат одредена сума на пари, а пловидбата ќе започнува од Хрватска.
Наводно, крастарењето со јахтата на Брена ќе започне следното лето.
Пејачката не одговарала на новинарските повици за да ја потврди или демантира оваа вест.
Потсетуваме, по продажбата на Гранд, Лепа Брена одлучи парите да ги вложи во бизниси. Имено, прво започна со производство на вино, а наскоро започнува со изградба на станбен комплекс во близина на Нови Сад.