„Исцелител“ нова интригантна документарна серија на ТЛЦ каналот, која го следи животот и работата на исцелителот Чарли Голдсмит, кој воедно ја шири свеста за своите извонредни способности за лечење.
Чарли има дарба за лечење со помош на својот ум, им помага на луѓето да се ослободат од болката, додека пак неговите методи ги збунуваат научниците и медицинските стручњаци кои се обидуваат да ја разберат неговата вештина.
Чарли до неодамна го криеше својот неверојатен талент. Денес пак целиот свет се обидува да разбере и дознае што е можно повеќе за неговите извонредни моќи, со тоа што многу славни личности и обични луѓе ширум светот ја бараат неговата помош. Народот од сите раси и воедно сите друштвени слоеви сака да се ослободи од своите болки, па дури и најголемите скептици се вчудоневидени од способностите на Чарли.
Серијата премиерно се прикажува на каналот ТЛЦ од понеделник 18 јуни во 21.00 часот, па тоа е причината и за ексклузивното интервју добиено директно од исцелителот Чарли. Еве што имаше тој да сподели со нас поврзано со своите дарби.
- Кога увидовте дека можете да им помагате на луѓето, да ги исцелувате?
Имав само 18 години, кога едно утро се разбудив и почувствував енергија во рацете. Тогаш за прв пат почувствував, некој вид на магнетизам помеѓу дланките. Во истиот момент помислив дека сум болен, дека нешто со мене не е во ред, дека си замислувам работи. Токму тој ден сосема случајно му помогнав на еден човек и ја открив својата дарба.
- Како изгледа еден исцелителски момент со Вас?
Обично се се одвива многу брзо. Личноста ми кажува која е нејзината мака, на пример дали има болки во коленото или пак грбот – тоа е се што треба да знам. Ги затворам очите од 30 – 60 секунди и потоа ги прашувам луѓето како се чувствуваат, дали можат да ги направат нештата кои претходно не можеле. На овој начин мојата работа е брза и веднаш мерлива.
- Верувам дека многу луѓе гледаат на Вашата дарба со скептицизам. Како се справувате со критиките?
На луѓето им помагам веќе 20 години. Разбирам и прифаќам дека самите тие се скептични. Тоа што го работам и не многу го коментирам, не разговарам за исцелувањето. Јас работам. Кога луѓето гледаат како помагам, целиот скептицизам исчезнува. Со критиките се носам на начин со кој покажувам како практично работам.
- Можете ли да ни опишете некој случај во кој не сте успеале да им помогнете на луѓето?
Можам да набројам доста примери. Не го знам точниот одговор. На од прилика 2-3 случаи од 10-тина не сум можел да им помогнам. Приметив дека немам можност да им помогнам на особи кои имаат проблем со зуење во ушите. Тоа го објаснувам едноставно – не можеме се да лечиме на ист начин и не постои совршено решение. Не можам да им помогнам на сите.
- Морате ли да бидете во непосредна близина на особите на кои им помагате или е доволно да разговарате телефонски?
Можам да им помогнам на луѓето кои се до мене, но и на оние кои се далеку. Во последно време имам чувство дека многу повеќе помагам на оние кои ќе ме добијат преку телефон, во споредба со оние кои се до мене…
- Дали ја подобрувате состојбата на лицата перманентно или моментално?
Оние на кои сум им помогнал за време на снимањата на емисијата, се сеуште во одлична состојба, дури и подобри се. Од снимањата кои беа помина повеќе од една година. На многу мал процент луѓе досега не успеав да помогнам, на некои им помагам само во моментот, но на од прилика 70-80% исцелувањето им трае подолг период. Ова е од прилика искуството кое го имам.
- Може ли медицината да ја објасни Вашата дарба и резултатите кои ги постигнувате?
На светот постојат лекари на кои оваа тематика им е особено интересна и кои веројатно можат да дадат некакво објаснување. Да бидам искрен, досега не сум запознал некој кој навистина разбира што се случува и може тоа да го објасни. Сум соработувал со лекари, чии пациенти биле препратени кај мене. Истите тие лекари потврдија дека нешто се случува, но не можеа да го објаснат феноменот. Се надевам дека еден ден ќе запознам научници кои ќе можат да одговорат на сите овие прашања.
- Можете ли самите себеси да си помогнете кога ќе се разболете т.е дали некогаш воопшто се разболувате?
Многу ретко сум болен, а кога сум – искрено не можам баш да си помогнам. Малку да, но не до степен како што можам на останатите да им помогнам. Живеам здраво, внимавам на исхраната и вежбам, многу ретко сум болен. Исцелувањето како такво многу ме исцрпува, па доколку не пазам на себеси ќе се разболам многу брзо. Храната без шеќер и глутен ми помага да останам здрав.
- Опишете ни некој случај кој особено Ве трогнал?
Има еден таков случај, ќе го погледнете во серијата. Малото момче Гибсон има 2 ипол години и од самото раѓање живее со хронична болка. Многу е чувствителен. Кога се запознавме не бев сосема сигурен дека ќе успеам да му помогнам. Мислев дека тоа е голем зафат за мене. Но се обидов, дадов се од себе и успеав да му ја подобрам состојбата. Тоа беше навистина голема работа, многу ми значи што успеав да му помогнам. Гибсон ќе го видите во серијата и ќе ме разберете зошто вака се чувствувам.