Македонската метропола, како и секоја друг поголем град во светот, особено во централното градско подрачје на места е исшарана со графити, испишана со разни пораки! Не дека шарањето на фасадите е непозната работа, ама кај нас во последно време главниот град на Македонија, покрај се друго што е, станува и најљубовниот… Барем според испишаните пораки!
Затоа, македонската ТВ водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков реши да биде колекционер на љубовни графити, па испишпаните пораки на скопските фасади редовно ги бележи и складира во својата „љубовна фото колекција“ на својот Инстаграм профил, насловена „Љубовно Скопје“!
Најновото што и фатило око на синооката убавица е еден љубовен графит со еротски контекст… „Душо, јас ќе те почнам нежно, а ти заврши ме диво“ – напишал незнаениот „фасаден уметник“, искажувајќи ги својот исконски нагон и желба, љубовно да се зближи со својата сакана.
Згодната фитнес инструкторка сето тоа вредно го архивирала во својата „љубовна фото колекција“ , па на „поетската желба“ на авторот, мудро поентирала: „Почетокот е важен, но крајот го краси делото“ – напишала Снеже! И проклето е во право!
Само што, покрај поентата извадена од сопственото или туѓо искуство, Снеже заборавила или се срамела да ја потенцира инспирацијата…
…од чиј изглед, најверојатно произлегол мудриот заклучок на убавата инструкторка!