Пејачката Индира Арадиновиќ Инди со години се бореше со вишокот килограми, што и пречеше и естетски и здравствено, а потоа реши да го намали желудникот.
Оваа операција ја чинеше скапо, беше на работ од животот и тешко го поднесуваше постоперативниот период, но изгледа дека сега се’ се исплатеше.
Инди сега изгледа подобро од било кога, а многумина заборавија како изгледаше пред само неколку години.
Пејачката буквално се „преполови“ и сега е вистинска бомба, а нејзините фотографии на Инстаграм ставија неколку десетици илјади лајкови.
„Каква мачка“, „Колку добро изгледа“, „Неверојатно, алал“, „Немаш рамна“, „Секогаш беше пиле, но сега леле“, се само дел од коментарите.