Радио Милева две професии

Индекес затвори – отвори срце: Александра Јанева освен пејачка, сега официјално стана и стоматолог (фото)

Индекес затвори – отвори срце: Александра Јанева освен пејачка, сега официјално стана и стоматолог (фото)

Пејачката Александра Јанева која многумна ја нарекуваат девојка со ангелски глас, освен успеси на музички план сега ниже успеси и на други полиња.

Кон средината на месец декември, Александра го издаде својот деби албум „Отвори срце“ кој сега наиде на позитивни коментари од страна на љубителите на нејзината музика.

фото: Инстаграм/александра јанева

Meѓутоа, деновиве пејачката се заќити со уште еден успех. Имено, младата Александра освен пејачка сега официјално и стана дипломиран стоматолог.

На својот „Инстаграм“ таа објави неколку фотографии пред Стоматолошкиот факултет во Скопје позирајќи во бел мантил и со студентски индекс.

фото: Инстаграм/александра јанева

„Индекс затвори – отвори срце“, напиша пејачката покрај објавата на која држи индекс во раката.

фото: Инстаграм/александра јанева

Под фотографиите се нижеа честитки за дипломираниот стоматолог.

Честитки!

To top