Иако Дарко Лазиќ секогаш зборувал се најубаво за Љуба Аличиќ, дури и го нарекувал втор татко некое време, Аличиќ испаднал многу непријатен кон Лазиќ пред очите на сите гости, на денот кога го добил синот Алексеј.
Имено, Дарко го викнал на гости, па во текот на прославата го најавил Љуба како свој идол, а овој тотално го игнорирал и не сакал тој да отпее една песна, по што ситуацијата станала напната.
“И сега дозволете ми да ви најавам еден специјален гостин вечерва. Тој беше мојот идол додека јас се натпреварував во „Ѕвездите на Гранд“ и сè уште е мојот идол – рекол Дарко, на што Љуба неочекувано одговорил: “Јас нема да пејам ништо“, по што Лазиќ, останал во шок.
И додека Дарко барал да му дадат хармоника, повторно го најавил: “Драги мои, Љуба Аличиќ и неговиот хит „И ти сепак ме сакаш мене“ – аплауз за Љуба, ве молам”, рекол Дарко, но Љуба не се ни помрднал од местото, мавтајќи со раката дека нема да пее, па Дарко му рекол дека ќе пее и со него, но овој не сакаше да стане, па Дарко сам започнал да ја пее песната на Љуба самостојно, по што започнало да се создава негативна атмосфера.
Лазиќ бил видно изнервиран и навреден од однесувањето на неговиот постар колега, но и покрај сето ова, тој сакал да заврши непријатната ситуација, па почнал да пее „Кога бев сиромашен“, по што еден од гостите познат како Моки му пришол и му го зел микрофонот и го однел повторно кај Љуба Аличиќ. Дарко останал изгубен, а Аличиќ продолжил да се бунтува дека нема да пее.
“Што ми донесовте микрофон. Јас нема да пеам овде” – му викал Љуба на извесен Моки кој толку се вознемирил што почнал да го стега Љуба за вратот.
Лазиќ веднаш реагирал и почнал да вика:
„Моки, Моки, бре. Кога ќе дојде сајзеристот, тогаш ќе пееме“, се обидел Лазиќ да ја смири ситуацијата, но господин не се откажал.
На Дарко му дошло преку глава, па тој се оддалечи од масата, им завртел грб и почнал да пее за другите гости.
По инцидентот Љуба не одговорал на новинарските повици, додека Дарко кратко прокоментирал:
„Видовте сè на видеото, што можам да ви кажам друго? Понекогаш луѓето од кои најмалку очекувате непријатно ќе ве изненадат“ – рекол Лазиќ.