Адам Лабунски пред неколку дена ги почести обожавателите со жешка фотографија на која е гол и влажен под туш, но тој интимен простор како да не го задоволи, па се расоблече на плажа во Црна Гора и беше единствениот нудист, барем во кадарот од фотографијата.
Единствено во рака му беше само инстриментот, не не оној што прв ви паѓа на памет (тој беше оставен слободен и препуштен на гравитацијта) туку гитарата кој му послужи малку да се покрие.
Со оваа фотографија тој предизвика лавина од коментари, некои го критикуваа, некои кои фалија и му упатија „сочни“ коментари.
Македонската твитерџика Ина МногуФина на својот „Фејсбук“ беше едната од оние која ја прокоментира фотографијата на Адам.
„Боље се фотките на Гавазова во танга него на Лабунски со мандолинчето, ама нека продужат да видиме кој ќе биде фолк хит на годината“ напиша Ина Многуфина.
Од друга страна, Сузана знае на социјалните мрежи да сподели некоја провокативна фотографија во бикини каде ги покажува своите атрибути.
Иако владеат жешки температури, македонските дами некако се резервирани и не објавуваат премногу фотографии на кои се разголени во бикини и на плажа.