Пејачката Ана Николиќ за време на бременоста драстично ги накачи килограмите, а по породувањето имаше мака да ја врати посакуваната линија.
Но, по многу напорни тренинзи, диети и третмани, Ана успеа во намерата.
Сега таа се појави како гостинка на свадба, а со својата импресивна трансформација ги собра сите погледи, па дури ја засени и невестата.
Облечена во црвена тоалета со висок шлиц, Ана гордо се пофали со својата става.
Потсетуваме, Ана Николиќ пред две години на свет ја донесе ќерката Тара, а од породилиштето излезе со повеќе од 100 килограми.
Сепак, напорот вроди со одлични резултати, а Ана сега изгледа како од почетоците кога „палеше и жареше“ со „Девојка од чоколаде“.