Пејачката Сузана Јовановиќ иако денес живее во луксузна вила, таа вели дека пред бракот со Саша Поповиќ живеела многу тешко, немала пари за најосновни работи.
-Пред Сале имав многу финасиски проблеми. Ја немав таа среќа мирно да спијам, затоа што Сале работи за нас, за мене и децата, па не се грижиме за материјални работи. Меѓутоа, пред Саша, имаше период кога имав 10 денари во џеб и фрижидерот ми беше празен, немав што да јадам. Но, ментално останав силна, нормална, го земав животот во мои раце и одлучив да се променам“ изјави Сузана во емисијата „Прес претрес“.
На прашањето дали да биде е подобро да биде мета на крадци или киднапирана поради богатството, Сузана открива дека никогаш не се плашела, но Саша ја советувал да биде повнимателна.
-Во она време кога беше опасно, ни Сале ни јас имавме обезбедување. Многу пати ме критикуваше: „Леле, сама возиш автомобил, сама ја возиш Александра и нејзините другарки во училиште“, но јас никогаш немав проблем за тоа. Јас вака размислував: Чекај, јас на никој ништо лошо не направив за да ме нападне, киднапира. Се однесувавме нормално. И денес се движиме слободно по улиците, немаме обезбедување бидејќи живееме нормално“, вели сопругата на Поповиќ.
фото: Инстаграм/сузана јовановиќ/Милан Илиќ/рас србија