Ивана Јордан откри дали е поддржувач на пластичната хирургија, откако навлезе во петтата деценија и призна што променила кај себе.
Пејачката Ивана Јордан одамна не е присутна на музичката сцена, но е активна на социјалните мрежи, па своевремено беше во јавноста и поради топлес фотографиите. Објавува провокативна содржина, а она што многумина ги интересира е дали направила пластични операции или естетски зафати, како и повеќето нејзини колешки.
Иако објави нов албум, пејачката не се експонира во јавноста и вели: „Ме привлекува и возбудува она што трае. Отсекогаш сум се вложувала во тоа. Ми се чини дека уметноста исчезна. важно е да се пронајдеме себе си и тоа што го нудиме, а многумина не го наоѓаат, но мислат дека е важно да се биде како другите. Всушност, најмагичното нешто е што си единствен и што му го нудиш на светот она што само ти можеш“.
На прашањето дали направила нешто на себе, бидејќи тој тренд владее на естрадата веќе подолго време, Ивана вели дека е против естетската хирургија, но сепак не можела да одолее на нешто – ботоксот.
View this post on Instagram
„Засега не би правела сериозни интервенции, имам над 40 години, па се одлучив за малку ботокс. Тоа е супер, малку освежува. Ми се допаѓа да изгледа природно“, изјави пејачката која покрај себе има посилна половина, но не размислува за брак и смета дека треба да ужива во животот. Нејзиниот партнер не е љубоморен, како што вели. Таа е остварена како мајка, која од претходниот брак го има синот Вук.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Ивана Јордан