Откако натпреварувачката Невена Мирчиќ го заврши својот настап во „Ѕвездите на Гранд“, жирито имаше многу што да коментира.
Босанац ја пофали дека и двете песни ги отпеала без глешка, Марија Шерифовиќ беше единствената која и кажа дека и недостига емоција.

Но, Карлеуша имаше многу да ја испогфали, особено на сметка на изгледот.

-Јас одлично те доживеав. Во еден момент ми дојде да излезам на сцена и да те бакнам, толку ми беше убаво. Прекрасно пееш, многу си талентирана, преубаво си облечена. И јас сакам да имам таков фустан на себе. Ти си совршена. Немој да слабееш повеќе, особено во пределот од струкот надолу, ја посоветува Карлеуша, а пак кандидатката која Саша Поповиќ на аудицијата и кажа да ослабне, шокираше со својот коменатар.

-Јас имав 113 килограми, за една година ослабев 50 килограми. Оттогаш мојот живот се промени, кажа девојката и дополни дека ќе се бори со килограмите за својата линија да ја доведе со совршенство.