Пејачката Станојка Митровиќ, попозната како Чана, иако секогаш има насмевка на лицето, доживеа неколку тешки ситуации во животот.
Таа неодамна во една емисија призна дека има една ситуација од нејзиниот живот која никогаш нема да ја заборави.
Една необична ситуација се случила пред неколку години кога таа настапувала на сплав, кој во еден момент потонал.
– Неодамна ми се јави една жена да пеам на роденденот на нејзината мајка, и реков може, само не ми кажавте каде ќе пеам. Кога рече дека е сплав во Белград, реков извини, но не доаѓам таму, ако најдеш некоја сала, ќе дојдам – изјавила Чана.
После тоа пејачката раскажала што се случило кобниот ден, а во таа прилика открила дека само од чиста среќа немало повеќе жртви.
– Сплавот на кој пеев пукна поради премногу луѓе и потона. Две момчиња се удавија, а 47 лица завршија со тешки и полесни повреди. И тоа момче кое беше шампион во пливање на Република Српска се удави. Подоцна дознав дека се дозволени 400 луѓе, а примиле 700 луѓе. Страшно беше. Се сеќавам дека по неколку години Сале Матиќ ме повика на промоција, кога ми кажа дека ќе биде на сплав, јас реков не можам да дојдам, не одам на сплавови. Навистина имам траума, таа слика ми се враќа во глава кога сум истрауматизирана – изјави тогаш таа.
Фото: Принтскрин/Зоран Илиќ/ Рингиер/Петар Марковиќ/