Уникатен концерт на Македонска Филхармонија – “Има нека тајна веза – Мade in Sarajevo”
На 4-ти март во Филхармонија – Скопје со почеток од 20 часот во изведба на „Македонската Филхармонија“ ќе биде претставен уникатниот балкански проект, “Ima Neka Tajna Veza – made in Sarajevo”. Под диригентската палка на Ранко Рихтман и Јосип Цвитановиќ, овој фантастичен проект продуциран од Никша Братош и Томислав Кашљевиќ, ги обработува безвременските хитови на најголемите музички звезди од Сараево: „Индекси“, „Бијело Дугме“, Здравко Чолиќ, „Амбасадори“, „Тешка Индустријљ“, Кемал Монтено и многу други!
Како вокални солисти ќе настапат дел од најголемите балкански звезди: Аида Мушановиќ Арсиќ и Нермин Пушкар – (БиХ), Марко Кутлиќ и Роберт Чолина – (Хрватска), Влатко Лозаноски и Агни Авшар – (Македонија).
Влезниците веќе се во продажба преку продажната мрежа на karti.com.mk.