Нада Топчагиќ и нејзиниот сопруг Златко напорно работеа со децении за се’ што стекнаа. Конкретно, тие можат да се пофалат со голем број имоти во Србија и Црна Гора, кои ги купиле во последните години.
Тие вложија многу и во својот недвижен имот, па реновирањето стана речиси секојдневие на легендарната пејачка. Порано размислуваше да продаде некои бидејќи толку многу пари и време одат во нив, но брзо се откажа од таа идеја.
View this post on Instagram
Парот поседува стан на Косанчиќ во строгиот центар на Белград, куќа во Црна Гора, недалеку од Тиват, на брегот, вила во Стари Бановци и уште една во Белград. Но, имаат и викендица на Тара, која Нада ја направи вистински мал рај.
View this post on Instagram
Нада и нејзиниот сопруг заминуваат во Тара во зимските месеци и на почетокот на пролетта, кога пејачката нема толку многу обврски околу настапите и снимањето емисии.
Нада има се’ таму и не мора ништо да купува. Најмногу сака да јаде тоа што ќе го засади во својата градина, на што напорно работи и никогаш не и е тешко да се посвети на тоа. Наесен со задоволство ја подготвува зимницата, а во лето ужива во чистиот планински воздух.
View this post on Instagram
– Често одиме во Тара, тоа ни е втор дом. Верувај ми, можев да бидам таму без престан. Имам обврски и морав да се вратам во Белград, но наскоро повторно ќе одам во викендицата на неколку дена – изјави своевремено Нада за „Курир.рс“.
фото: Instagtam printscreen / topcagicnada