Водителката на „Слагалица“, Кристина Раденковиќ важи за една од најстилизираните дами на српската јавна сцена.
Освен за својот физички изглед, таа има вкус кога станува збор уредувањето на нејзиниот дом.
Водителката неодамна откри дека го реновира својот стан, па своите следбеници на „Инстаграм“ ги извести како течат работните активности.
– Кристина реши да го реновира станот, и долго време размислуваше во кој правец да го збогати просторот за живеење. Сепак, таа не сакаше да се справува сама со тоа, затоа ангажираше архитект да и помогне да дизајнира простор за деца. Таа сакаше нејзината ќерка Тара и синот покрај просторијата да имаат и мини-игротека во станот, што совршено ќе одговара како продолжение на детската соба. Со помош на архитектот, станот ќе биде доведен до совршенство, а планот е кога таа ќе ја среди собата, да ја среди и кујната – изјави за „Стори“ извор близок до водителката.
Кристина во станот живее со децата и својот сопруг Никола.