Радио Милева Некогаш и сега

Има брак од соништата и беспрекорна кариера: Ќе ја препознаете ли популарната пејачка од тинејџерските денови? (фото)

Има брак од соништата и беспрекорна кариера: Ќе ја препознаете ли популарната пејачка од тинејџерските денови? (фото)

Еден од најпопуларните пејачки која објавува хит по хит во последните две децении е во рубриката некогаш и сега денес.

На големата сцена на „Гранд“ се појави уште во 2002 година и веднаш привлече големо внимание во јавноста. Живото и насмеано девојче потоа ја отпеа првата песна која веднаш стана хит „Да сам мушко“ која беше објавена на албумот „Идеално твоја“.

Наполнила неколку Арени, а каде и да се појави создава атмосфера за паметење. Таа сама си го крои животот, далеку од градската гужва, изградила семејна вила со сопругот во гратчето Нова Пазова, каде што важи за една од нејзините омилени соседи.

Некогаш и сега, фотографијата на познатата пејачка шокираше многумина.

Имено, на социјалната мрежа „Инстаграм“ се појави фотографија од пејачката Сека Алексиќ од нејзината „младост“, односно тинејџерски денови, а многумина не веруваа дека тоа е таа.

Сека и тогаш имаше свој етаблиран стил, а на горенаведената слика позира како вистинска Инстаграм ѕвезда.

– „О, невозможно е ова да е таа“, „Неверојатно“, „Каква промена“ – ова се само дел од коментарите под оваа фотографија.

Некогаш и сега фотографијата на Сека Алексиќ создаде општа врева на социјалните мрежи, а оние кои малку го следат нејзиниот живот знаат дека таа никогаш не се срамела да експериментира со својот изглед. Често менуваше фризури и бои на коса, а нејзиниот стајлинг често беше коментиран, главно позитивно, иако имаше и негативни конотации.

Фото: Принтскрин/Естраден магазин/Инстаграм

To top