Радио Милева исхраната на филмската ѕвезда

Има 59 години, а тело како кога беше 20: Деми Мур строго се придржува до овие правила (фото)

Има 59 години, а тело како кога беше 20: Деми Мур строго се придржува до овие правила (фото)

Деми Мур позираше во различни модели на костими за капење, а следеа лавина комплименти како : „Изгледаш одлично“, „Моја вечна муза“, „Убава“.

Ѕвездата на филмовите „Дух“ и „Непристоен изглед“ изгледа феноменално и на слики од нејзиното секојдневие, па нè интересираше на кои здрави навики се придржува.

Во нејзината автобиографија „Inside Out“ од 2019 година, таа откри дека била опседната со својата тежина, особено кога се подготвувала за филмот „Неколку добри мажи“: „Мојата работа беше да се вклопам во таа воена униформа што ќе ја носам два месеци. Не можев да престанам да вежбам… Постојано размислував за своето тело. Ги исфрлив јаглехидратите, трчав, возев велосипед… Меѓутоа, кога се подготвував за улогата во „Војникот Рајан“ беше јасно дека ја достигнав својата граница. Кога се вратив дома во Ајдахо, сфатив дека морам да бидам своја и се откажав од напорните вежби и почнав да го сакам своето тело“.

Сепак, Деми не се откажала од вежбањето, туку нејзиниот фокус е да биде во форма, а не да слабее. Нејзиниот тренер Грегори Рош изјави дека вежбите се фокусирани на стомакот и рацете.

Во однос на исхраната, актерката била јасна: „Нема гладување, се сè сведува на слушање на вашето тело. Јадам кога сум гладна, веднаш престанувам кога ќе почувствувам ситост“.

Точното мени и храната не се дефинирани, но многу е важно тие да се состојат од голем дел од протеини и мал дел од јаглехидрати.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/demimoore

To top