Радио Милева Се надмина себеси

Им пркоси на годините: Лидија Вукиќевиќ „стои на раце“ и во седмата деценија од животот (фото)

Им пркоси на годините: Лидија Вукиќевиќ „стои на раце“ и во седмата деценија од животот  (фото)

Актерката Лидија Вукиќевиќ е во своите 60-ти години, но нејзиниот физички изглед и дух го покажуваат сосема спротивното. Нејзиниот изглед често е интригантен, но и мета на сомнеж бидејќи никој не може да поверува дека времето за актерката застанало.

Кадравата коса и витката фигура се нејзината „лична карта“ уште од раната младост, а тоа не е променето ниту до ден-денес. Таа на својот Инстаграм профил често несебично споделува моменти од приватниот живот, каде следбениците можат да ја видат во различни изданија.

Нејзините фотографии никого не оставаат рамнодушен, а со она што го покажа ги шокираше апсолутно сите. Одамна е јасно дека актерката е во одлична топ форма, но стои на раце и, како што вели и самата, нејзиното истегнување пред представата беше нешто што никој никогаш не го видел кога станува збор за неа.

Актерката скокна и направи беспрекорно држење на раце, што многу често е „мисловна именка“ за многу помладите од неа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top