Радио Милева Веќе ништо не е исто

Им порасна цената: Откриено колку бараат за настап девојките од „Хурикејн“ откако настапија на Евровизија

Им порасна цената: Откриено колку бараат за настап девојките од „Хурикејн“ откако настапија на Евровизија

Српската женска група „Хурикејн“ се здоби со дополнителна популарност со учеството на Евровизија, за што сведочи и фактот дека Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ се ангажирани до крајот на летото, кога станува збор за настапи и концерти. Сепак, цената на нивните перформанси веќе не е иста.

„Ураганите“,сега пеат скоро двојно повеќе од хонорарот претходно, односно за еден настап заземаат до 8.000 евра, пишуваат српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HURRICANE (@hurricane_official)

Сè зависи од тоа каде пеат, колку простор има и колку долго ќе трае перформансот, објаснува изворот. Во поголемите дискотеки, каде што може да има повеќе од илјада луѓе, цената ќе биде осум илјади евра за двочасовен концерт. Во странство, таа сума сигурно ќе биде поголема за најмалку две илјади, или вкупно 10.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HURRICANE (@hurricane_official)

Досега, според медиумите „ураганите“ барале од четири до пет илјади евра за двочасовен настап.
Популарните девојки досега не сеогласиле по ова прашање.

To top