Радио Милева

Им ги затвори устите: Северина со една фотографија стави крај на шпекулациите дека се разведува!

Им ги затвори устите: Северина со една фотографија стави крај на шпекулациите дека се разведува!

Пред неколку денови српските портали пишуваа дека Северина Којиќ планира да се разведе од Игор Којиќ бидејќи тајно се гледа со хравтски бизнисмен. Имено, близок пријател вели дека снаата на Кеба ужива во врска со 10 години постар бизнисмен кој има врска со политиката.

„Веќе долго време, Северина и Игор имаат криза во бракот, бидејќи пејачката тајно се гледа со хравтски бизнисмен и политичар. Пејачката се обидува без драма да се разведе од Којиќ за да биде среќна со Хрватинот, меѓутоа и самата знае каква прашина ќе се крене во јавноста“, вели изворот.

Од друга страна, по српските клубови се проширала вест дека Северина жестоко се скарала со Кеба бидејќи не се појавила на нивната слава во Лозница.

По сите шпекулации дека се разведува, Севе со една фотографија на Инстаграм стави крај на шпекулациите. На фотогорафијата која ја сподели се нејзиниот син, сопругот Игор и таа.

Северина со ова потврди дека нема ништо од разводот, а дека најголема љубов и се нејзиниот син и сорпуг.

фото: Инстаграм
To top