Алпинистката и уметница Илина Арсова веќе одамна не е во врска со македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов.
Таа повеќе од една година е во Америка на докторски студии, па далечината си го направи своето, а Илина полека се навикна на животот во Тенеси.
Но, нејзината љубовна врска со Џамбазов и по разделбата сѐ уште буди интерес во македонската јавност, а можеби и поголема љубопитност по нејзиното заминување во САД.
Тогаш за крајот на нивната врска за еден македонски портал Игор, прв се отвори и потврди дека повеќе не се заедно но и дека едноставно виновник за тоа не постои.
– Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, изјави тогаш Џамбазов.
За истиот медиум сега и Илина си ја отвори душата и проговори за нивната љубов. Таа најпрво раскажа интересни нешта за животот во Америка, но и за моментите кога ја фаќа носталгија за домот и пријателите, бидејќи откако во август минатата година замина во Америка, Илина досега не е вратена во Скопје.
Таа сега ужива во природните убавини и многубројни национални паркови во САД и е задоволна од сопствениот напредок, од она што досега го сработила како професор на одделот за кинезиологија, рекреација и спорт.
А, на прашањето за сегашниот однос по разделбата со Игор таа одговорила:
„Тоj одбра да не бидеме во контакт. Не сум сигурна дали тоа ги олеснува или ги прави работите потешки. Не е лесно да немаш чувства кон оној што си го сакал и си бил во врска речиси три години. За нашата разделба немаше виновник, така што и нема причина да не бидеме пријатели“.
Па, така секој си тргна по свој пат и двајцата се посветија на своите кариери, на она што повеќе ги исполнува и прави среќни, а некогашната љубов остана заглавена во спомените.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Илина Арсова