Радио Милева

Илда Шаулиќ првпат проговори по загубата на бебето: „Последните две години беа најтешки во мојот живот“

Илда Шаулиќ првпат проговори по загубата на бебето: „Последните две години беа најтешки во мојот живот“

Илда Шаулиќ во третиот месец од бременоста го изгуби бебето, а со поддршката на семејството успеа да го надмине и овој период.

Таа вели дека последните две години и биле најлоши во нејзиниот живот.

Пејачката вели дека иако изгледа нежно, таа е силна и храбра, па успеала да се избори со тешките моменти по загубата на бебето.

„Јас сум таков тип, силна сум. Искрено, мислам дека последните две години ми се најтешки во мојот живот. Мора да одиме понатаму, мора да се живее од некои убави спомени“, вели Илда и додава дека е горда на ќерката Ева која веднаш ја разбрала нејзината ситуација и ја тешила со прегратки.

фото: Принтскрин

„Прифати како да е возрасна личност. Едноставно ме фасцинираше, а беше некој кој постојано бараше да добие брат или сестра. Не можев да ја носам во тој период, па во еден момент ја земав и ја подигнав, а таа ми кажа: „Па, ти можеш да ме носиш“. Јас  и одговорив – „Па, да“ и таа ме праша: „Па, како?“, а јас на тоа и одговорив: „Па добро, сега нема да имаме бебе, но ќе биде“. Тогаш таа ми кажа: „Аха, па добро“ и тогаш ме прегрна и ништо повеќе не ме прашуваше“, изјави Шаулиќ.

Илда исто така преживеа и корона, а како што истакна немала некои симптоми.

„Искрено, јас имав слаби симптоми, па така да не можем нешто многу да зборувам за тоа. Единствено нешто е што не го чувствував вкусот на храната и мирисот, така беше 2,3 дена, но потоа тоа се врати. Фала на Господ, немав температура, кашлање, некои промени со белите дробови. Кај мене беше во блага форма“, вели пејачката.

фото: Принтскрин

Инаку, неодамна нејзиниот татко, починатиот пејач Шабан Шаулиќ имаше роденден, а пејачката вели дека го прославиле во кругот на семејството со песни и емотивни приказни.

„Тој ден го поминав во негов знак. Тој ден беше негов роденден, отидовме на ручек, се сеќававме на убави приказни, зборувавме како беше некогаш и како е денес“,вели Илда.

To top