Пошироката јавност ја запозна атрактивната Јелена Жежељ кога во 2007 година учествуваше во српската верзија на шоуто „Големиот брат“.
Нејзиното учество во ријалити го одбележа и емотивната врска со Стефан Зечевиќ, кој по напуштањето на шоуто загина во сообраќајна несреќа. По излегувањето од реалното шоу, таа се најде и во центарот на медиумското внимание кога во јавноста се појави видео на кое таа е во интимна врска.
При влегувањето во куќата Јелена рекла: „Заслужувам да учествувам само поради себе, поради моите карактеристики, затоа што сум убава, паметна, згодна, образована личност и што е најважно, нормална сум со некои маани што ме прават поинаква од другите“.
По излегувањето од реалното шоу, таа влезе во љубовна врска со Игор Којиќ, која практично беше завршена пред да започне. Имено, само неколку дена подоцна се појави нејзиното интимно видео на кое задоволува непознат маж, како и експлицитни фотографии.
View this post on Instagram
Потоа Игор ја остави: “Кога раскинавме, Игор ме разочара и не бевме во контакт. Тој беше мојата прва вистинска љубов. Инаку, бевме многу добри пријатели и навистина не размислувавме да влеземе во врска. Се сè случи спонтано. Можеби ќе се помириме“, изјави тогаш Јелена Жежељ.
View this post on Instagram
Јелена денес живее сосема поинаков живот.
Изгледа не се помирија, а Јелена набрзо се оддалечила од Србија. “Горда сум на својата биографија. Сметам дека секој чекор што сум го направила е подеднакво одговорен за тоа што сум денес. Упорноста, работата и образованието се клучните фактори за мојот успех. Никогаш не се срамев да прашам кога не знаев нешто, сè оставив, сама одев на часови по дикција, учев од вистински професионалци и резултатите не можеа да изостанат, рече таа еднаш.
Во 2014 година се омажи за Немања Сележан, финансиски советник и член на управниот одбор на колеџот „Света Катерина“.
Тие се венчаа во Лас Вегас, а во септември 2015 година го добија првото дете, синот Стефан. Во 2018 година добија и ќерка, а таа оттогаш не ја посетила Србија.
Сепак, од социјални мрежи многу лесно може да се заклучи дека живее многу луксузен и среќен живот.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/telenovelaseries