Радио Милева лоциран...

Игор Џамбазов заврши во Барадовци (ФОТО)

Игор Џамбазов заврши во Барадовци (ФОТО)

Македонскиот актер, водител и шоумен Игор Џамбазов заврши во Бардовци. Претходно имаше чудна објава на својот Инстаграм профил во вид на кусо видеоклипче. Најпрвин им посака „Добар ден“ на сите, за потоа да им каже: „Априлили“… среде октомври!

 

View this post on Instagram

 

Април у октобру…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Дека деновите ни се далеку од добри е оддамна јасно, а деновиве и старата проверена ку*ва Европа среде октомври ни направи: „Априлилили…“ за пристап, па можеби Џамбаз тоа сакал да го каже, тврдеа некои. Други пак велат, на топлото време мислеше човекот. Пролет во есен! Април во октомври!

Но, оние што добро го познаваат сомничаво вртеа со глава, особено откако неговата најнова Инстаграм објава беше од – Бардовци!

„Бардовци, на релакс“ – напишал Џамбазов покрај матната фотографија на која уморен и подзамижан, како нешто важно да сака да соопшти, да каже, ама…

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dzambazov-za-bekstejdz-chichko-igor-nema-deca-i-ponekogash-si-plache-sam/

Ама не се секирајте се’ е во ред со човекот. Бардовци е одлично место за живеење, освен една локација во него. А, Џамбазов престојуваше во елитната скопска населба во која е лоцирано студиото „Тра ла ла“ на  Мите Димовски, каде се снимаше новата песна на Игор, која наскоро ќе ја здогледа виделината на денот.

Насловена е некако симболично: „И племето и семето“,  па се надоврзува со приказната за „добрите“ денови од  почетокот на текстов. Оние кои веќе ја слушнале, Како Весна – „Бејби“ на пример,  велат дека ќе биде вистински мегахит. Џамбазов можеби никогаш не правел хитови во класична смисла на зборот, но многу од она што го испеал, било чиста реалност и станало евергрин. Така мириса и овој пат!

 

To top