Познатата српска пејачка Јелена Карлеуша секогаш знае како да биде во центарот на вниманието и скандалите.
Повеќе од еден месец, Карлеуша е главна тема во регионалните медиуми поради нејзините експлицитни фотографии кои наводно ги праќала на босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.
Таа во медиумите исткана дека тие се фотомонтажа и поднесе тужби кон одредени медиуми и кон самиот фудбалер.
Од друга страна, по социјалните мрежи почна да циркулира фотографија на која наводно е Јелена Карлеуша без грам шминка.
Некои тврдеа дека тоа е пејачката во сосема поинакво издание од она кое сме навикнати на да ја гледаме на ТВ екраните.
Други тврдеа дека фотографијата е произовод на злоба и дека намерно е пуштено по социјалните мрежи и наводно на неа е двојничката на Карлеуша.
Како и да е, не запираат скандалите за пејачката.
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов во екот на аферата на пејачката ја прокоментира во негов стил.
Откако се појави и фотографијата на која наводно е Карли во природно издание, тој имаше дилема која ја сподели на социјалните мрежи.
Кој е поубав Карелуша кога ќе стане или Бајага пред да легне?
Под фотографијата се нижеа разни коментари, а шоуменот уште еднаш успеа да ги насмее неговите следебеници.