Актер, водител, шоумен, блузер, писател… Игор Џамбазов сега на својата лепеза од професии додаде уште една – режисер!
И тоа откако од прва рака, во живо покажа како се режира една љубовна драма, со среќен крај… Белким!
Само што овој пат во главните улоги не беа тој самиот и неговата сакана Илина, туку сосема два други крзнени субјекта. Емилија, нагалено Емче и зетот Дончо!
Таа шарена, природно надарена со сите бои, испружена да се сонча на симсот покрај прозорецот, тој жолт, навидум кутар, јаден и гладен под прозорецот!
Таа мудро молчи и заводливо го гледа, тој моли, кука, плаче од глад… За љубов, или…?
Храната не сака ниту да ја помириса, зашто фаталната Емче на нешто сосема друго му мириса… Ама сепак на празно меше, страв му е „у љубовни прегратки да се фане, да не му се деси да омане“!
И тука настанува заплетот без расплет на љубовната драма наречена „Ромео и Јулија на дојранскои начин“, како микс од славното книжевно дело и локацијата на која со причина се одвива оваа драмолетка во два чина.
Само што првиот го видовме, а вториот само можеме да го насеетиме и претпоставиме… Зашто режисертот и воедно наратор на љубовната приказна Игор Џамбазов, меѓу редови дискретно го најавува расплетот со прашањето:
„Што бараш ти?“ – обраќајќи му се на зетот Дончо. „Жена или храна? Храна…? Утре дојди“! – сакајќи на некој начин да објасни дека на Емче не и до заедничко јадење, туку и е до… Е, де… До галење!
Арно ама и кај мачките по се’ изгледа светот се изопачи… Зетот прво би да јаде, па после да ја омачи!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov