Кога станува збор за естрадата, деновиве главна тема во сите медиуми во регионот се експлицитните фотографии на Јелена Карлеуша.
Имено, се започна на Божиќ кога српските медиуми почнаа да пишуваат дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведуваат поради босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.
Наводно, тогаш Душко и го зел телефонот на Јелена и открил пораки меѓу Јелена и Огнен.
Меѓутоа, парот ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека со нивниот брак се е во ред.
Неколку дена подоцна, односно деновиве се појавија експлицитни фотографиии и видео од пејачката која наводно му ги праќала на босанскиот фудбалер.
Таа истакна дека тие фотографии се монтажа и дека не е таа на фотографиите.
Од друга страна, се појавија и пораки од допишувањата меѓу Јелена и Огнен.
За овој скандал со денови се пишува во сите медиуми во регионот, а колегите на Јелена и дадоа поддршка на пејачката.
И некои од македонските јавни личности ги прокоментираа фотографиите на Јелена.
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов на својот „Инстаграм“ сподели видео на кое ги прокоментира фотографиите.
„Еве ги гледам сликите на Карлеуша и дефинитивно не е она. Таа има три царски реза и бемка на незгодно место. Не е таа. Не е“ вели Џамбазов.
View this post on Instagram
По сите овие скандали Карлеуша замина во Кина каде е нејзиниот сопруг и на „Инстаграм стори“ објави фотографија од Душко и ќерките.
Како ќе се одвива целата ситуација останува да видиме.