Промотер

Игор Џамбазов сосе сите нас, жртви на фатален авто коитус е во – „Дебела сенка“ (ВИДЕО)

Игор Џамбазов сосе сите нас, жртви на фатален авто коитус е во – „Дебела сенка“ (ВИДЕО)

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов ја промовираше својата нова песна „Дебела сенка“, за која тој ги напиша музиката и текстот а аранжманот е на Игор Атанасоски алиас Гуру Харе и Мите Димовски.

„Оваа песна излегува во вистинско време. Успеав да го најдам датумот кога сум го почнал фајлот, тоа е септември 2019 година. Значи, јас сум ја ‘крчкал’ оваа работа четири години. Знам дека имав една музика, па се откажав од неа зашто беше премногу депресивен блуз. Во меѓувреме почнав да слушам стара музика, имав инспирација од Боб Дидли кој е препознатлив по својот заразен ритам.

Мислам дека „Дебела сенка“ го има баш тој заразен ритам и еден од најпевливите рефрени во историјата на македонската музика. Но, пораката е битна, тоа што го наумив да им го пренесам на слушателите, го направив“ – рече Џамбазов за „Радио Бубамара“ каде премиерно беше промовирана песната чии стихови така пластично ја опишуваат „оваа ситуација“ во која триесет и кусур години се наоѓа нашата Македонија и поголемиот дел од нејзиниот народ, жртва на фатален авто коитус.

Оние другите „што не можат да ги онадат“ колку што можат да издржат оние првите, се исто така опишани во текстот на песната, а кој  на која страна се наоѓа, сам ќе си се препознае… Сепак сите заедно, како да сме на „тешки дроги, алкохол и лекови“… во „Дебела сенка“  со векови…

Затоа, Македонијо, прибери се… Време е“ – како што вели крајот на песната која можете да ја проследите од видеото во продолжение:

To top