Во најновото празнично издание на есмисијата „Нешто конкретно“ на Снеже Велков, темата беше: Што значи да се биде Бренд во Македонија? Оттука, следствено на тоа, на водителката и требаше само еден гостин, наместо повеќе како од претходната пракса.
Задачата за изборот беше лесна, затоа што тој е еден и единствен, синоним за македонски бренд!
За едно такво специјално празнично божиќно издание, Снеже го имаше наспроти себе никој друг, туку Игор Џамбазов.
Досега дал многу интервјуа, но ниедно од истите не било монотоно, секогаш имало да се слушне нешто досега неслушнато, нешто за прв пат, секогаш возбудливо или едноставно никогаш доволно за гледачот и слушателот, па дури и за нешто репризно.
Снеже ја имаше привилегијата да добие толку искрени одговори на своите прашања, што Џамбазов така опуштено и мастрално ја оставаше без зборови, тој говореше, а таа слушаше и само потпрашуваше.
Зборуваа за животот, музиката, за загубата на драгите личности… Во прашањата на Снеже стоеше и она за што Игор најмногу жали што не го остварил во животот? Одговорот неочекуван, дури како што вели самиот и за прв пат вака јавно:
-Ќе остане таа болка што не сум оставил пород. Ова за прв пат ќе го кажам кај тебе. Имам еден млад доктор во Струмица, кај кого поради планинарското друштво правев спермограм за да видам дали може да бидам татко и ми рече, „оди прави дете“, ја мислев ни едно не мрда, но сите ти мрдаат. Сериозен сум да замрзнам сперма, па може ќе се појави некоја будала да рече „ја од овој човек сакам да имам дете“. Денес тоа е изводнливо и без секс-искрен и без задршка за се’она што му лежеше на душа.
View this post on Instagram
Снеже почестена за ваквата интимна и емотивна исповед, она што Игор всушност отсекогаш и го правел, пеел и пишувал – она што го прави бренд!
фото:Instagram printscreen/ nestokonkretno1