Радио Милева вистинска љубов или семејно насилство?

Игор Џамбазов се најде во незгодна ситуација, па итно побара помош, а прва во пресрет му излезе Лила Филиповска (ФОТО)

Игор Џамбазов се најде во незгодна ситуација, па итно побара помош, а прва во пресрет му излезе Лила Филиповска (ФОТО)

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов има миленичка на која и подарува најмногу љубов, но овој пат таа „го нападна“ па беше принуден да побара помош.

На нејзиниот газда за кој таа  „велеше“ дека „поглупав хомо-сапиенс со толку голем коефициент на интелигенција нема сретнато“, повторно му се здаде в лице.

Имено, Игор и овој пат се најде во незгодна ситуација кога неговата миленичка која ја возвишува до небото, Eмилија Џамбазова Дојранлиева, безмилосно ги заби ноктите во местото меѓу веѓата и горниот крај на увото и го зграпчи за левата слепоочница.

„Добар ден, збрцани ми се ноктите во слепоочница, како да ги извадам“ – плачеше од болка и бараше помош од цел свет нејзиниот газда кој на објавата со големи букви напиша „Хелп“ на англиски за да може да го разберат дури до Америка, оние на кои вакавата негова состојба им е „однекаде позната“.

За спас од најпопуларната мачка Емилија Џамбазова Бавчанска Дојранлиева која еднаш имаше и сопствен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, прва за помош се јави Лила Филиповска која од лично искувство со нејзиниот мачор Рагнар даде релевантен одговор:

„Вистинска љубов“ – му напиша таа и ја разоткри мистеријата, појаснувајќи дека македонскиот шоумен всушност не е нападнат, туку сакан. не е во прашање семејно насилство, туку вистинска љубов.

Но, како што по некое непишано сценарио му се случува на Џамбазов, така и овој пат вистинската љубов боли… До коска! Како и онаа од реалноста, па кој знае – ќе разбере… Кој не, никогаш не ни љубел!

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Игор Џамбазов

To top