Радио Милева порака до вечноста

Игор Џамбазов раскажа анегдота на две години од смртта на својот татко: „Ова на мајка ти нема да и го кажеш, така?“ (фото)

Игор Џамбазов раскажа анегдота на две години од смртта на својот татко: „Ова на мајка ти нема да и го кажеш, така?“ (фото)

Времето лета, реченица која многу често за слушаме за повеќе нешта, особено за тоа кога некој одамна го нема меѓу живите, а ние чувствуваме како да сме го изгубиле вчера.

На денешен ден пред две години почина легендарниот диригент и композитор маестро Александар Џамбазов.

Неговиот син, шоуменот Игор Џамбазов како и минатата година на годишнината од смртта на татка си и неговото заминување во вечноста, тој со емотивна прошетка по сеќавањата се потсети на него и денот кога тој почина. Поточно, Игор се присети на една анегдота од детството, а за крај прати и порака до вечноста:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

-Две години без тебе стари. Ко два дена. Ама и како две столетија истовремено. Ти си мојот тато. Иако многу ретко те викав така. Уште од моите први улоги и снимања се договоривме дека ќе се викаме “колега”. Се сеќаваш? Ти и јас во нашиот тегет Фиат 1300, чекаме на црвено на семафорите кај “Рубин кармин”. На пешачкиот премин поминува една исклучително згодна жена. Ти ја измерка од глава до пети, ме погледна и ми рече: “А? Како теткава? Згодна е?”
Веројатно сакаше да ја провериш мојата машкост, иако имав само седум-осум години. Јас, како од пушка одговорив: “Да”. Ти ми се насмеа и се издиша истовремено. Ја изгледавме теткицата се додека не се изгуби во толпата. Кога конечно тргнавме ми кажа: “Ова на мајка ти нема да и го кажеш, така?” А јас ти одговорив: “Е нема де, нели сме колеги”. И така станавме колеги. До крај. И засекогаш ќе останеш мојот омилен колега. Колега за сите времиња.

П.С. Тања и јас сме добри. Тераме. Тука се’ е по старо. Писмените се срамат дека се писмени. Неписмените се трудат да бидат уште понеписмени. И уживаат во тоа. Се’ на се’ стари, ништо не си пропуштил… заврши тој.

фото: Instagram printscreen/ igordzambazov

To top