Промотер

Игор Џамбазов и Гуру Харе со малку поинаков блуз под ова сонце студено во – „Пеј“ (ВИДЕО)

Игор Џамбазов и Гуру Харе со малку поинаков блуз под ова сонце студено во – „Пеј“ (ВИДЕО)

 Игор Џамбазов и Гуру Харе  ја промовираа новата песна – „Пеј!“

Музиката, текстот и аранжманот се дело на Игор Атанасоски – Харе, а покрај главниот вокал на Игор и придружните на Тања Тас, за песната придонесоа и Дамир Имери на синтисајзер и оркестрација, а Мите Димовски беше задолжен за перкусии и продукцијата во неговото студио „Тралала.

„Пеј“ е веројатно една од најсодржајните песни на двоецот, во која особено авторски себеси се надминал самиот Игор Атанасовски (Гуру Харе). Во основа се работи балада,   небаре подобна за филмска тема, како да е саундтрак од некојоја филмска приказна на Квентин Тарантино, со стихови кои како да се извадени од поезијата на големиот Петре М. Андреевски, кои длабоко навлегуваат во суштината за судбината на ова парче земја кое отсекогаш се нарекувало Македонија и неговиот со илјадници години напатен народ. Од искона, па се до денес, чија мака се’ уште трае, ли трае…

И за да нерече некој дека во „Пеј“ нема блуз, иако го има во изобилство, најмногу во стиховите, во кои песната тече во прегратките на тагата, а брилијантното „геримуровко соло“ под прстите на Гуру Харе само ја надополнува целата „блуз“ атмосфера со писокот на гитарата!

Спотот за „Пеј“ пак е прекрасна видео приказна која одлично го оцртува духот и карактерот на песната и главните актери, Игор и Харе. Како режисер и директор на фотографија на спотот се потпишува еден од најдобрите концертни фотографи кај нас, Стефан Рајхл, кој со овој спот започнува и своја видео продукција.

Песната доаѓа по промоцијата на нивниот албум „Првите триесет“ и многу концерти низ државата, но и бројни изненадувања за публиката.

Следниот чекор на познатото музичко дуо е големиот концерт закажан за 21-ви октомври во Македонската филхармонија каде концертно ќе го промовираат материјалот од албумот „Првите триесет“ и ќе ги изведат некои од најголемите хитови.

Со овој концерт тие ќе ја одбележат нивната 30-годишна соработка, а Џамбазов ќе го прослави својот 60-ти роденден.

To top