Радио Милева

Идната снаа на Цеца славеше моминска, а еве кога ќе биде ергенската вечер на Вељко Ражнатовиќ

Идната снаа на Цеца славеше моминска, а еве кога ќе биде ергенската вечер на Вељко Ражнатовиќ

Главна тема во последните неколку дена е свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ.

Пред неколку дена, идната снаа на Цеца, Богдана заедно со пријателки и Анастасија Ражнатовиќ организираше моминска вечер.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/iznajmija-vila-limuzina-palatija-skapa-dekoracija-i-muzichar-vaka-izgledashe-mominskata-vecher-na-snaata-na-ceca-video/

Меѓутоа, Цеца откри кога ќе биде и ергенската вечер на Вељко.

„Во недела повторно ќе има славење, Вељко ќе прави ергенска вечер. Во еден ден ќе биде венчавката и големата забава во Хајат, така да мислам дека ќе биде убав ден. Ќе ги испочитуваме традицоналните обичаи, купувањето на младата, се ќе биде во еден ден“ открива Цеца

фото: инстаграм

За потсетување, свадбата на Вељко и Богдана е закажана за 24 ноември, а се зборува дека ќе биде свадба на деценијата.

Покрај тоа што Цеца вложи огромно богатство во ораганизација на свадбата, фолк пејачката подари два поклони на идниот член на Ражнатовиќ.

фото: Инстаграм

Таа подари брилијантен часовник  со голема вредност,  а Цеца го одбрала  така што да се согласува  со свршеничкиот прстен на снаата.

Исто така, Цеца и подари подарок на Богдана со сентиментална вредност, поточно станува збор за прстен кој Ражнатовиќ го носеше со години, а сега сака традицијата да ја продолжи и Богдана.

За потсетување, Богдана и Вељко следната година ќе станат родители на нивното прво дете.

To top