Промотер

Иако се трио ДУПЕР тврдат – „Ние сме 2“ (ВИДЕО)

Иако се трио ДУПЕР тврдат – „Ние сме 2“ (ВИДЕО)

„Дупер“  кои јавноста преку ноќ ги прогласи за една од најперспективните млади групи кај нас, за кусо време ја извадија и својата трета песна по ред, насловена „Ние сме 2“. Од неодамна тие се под закрилата на „Авалон“ продукција, што им ветува поголеми можности за поширока афирмација. Триото  кое изведува необична, но прилично едноставна музика за сите вкусови го сочинуваат: Борис Какуринов, Мартина Баракоска и Илчо Нечоски, кои воедно и ги потпишуваат музиката, текстот, аранжманон на новата песна.

Снимањето, миксот и мастерингот на истата го извршил познатиот професор Ангел Ќосев  во неговото студио „Подрумот“, заедно со  Драги Иванов.

Видеото за „Ние сме 2“ е одново едноставно, во кое членовите на триото облечени во бело, на бела позадина, со еден вид „вокална пантомима“, гестикулации и говор на телото ја синхронизираат својата музика со визуелизацијата на истата.

Режијата на спотот повторно ја потпишува  Томи Акимовски (https://www.instagram.com/leletomi), зад  камерата бил Томислав Живковиќ, а монтажата ја изработил Иван Костадинов.

Како звучи и изгледа кога ова трие се претставува како дуо… проследете во продолжение:

 

 

To top