Кога ќе ја погледнете на фотографиите ви се чини дека таа има идеално лице и свилена кожа. Но, дали е баш така?
Најпознатата светска ријалити ѕвезда Ким Кардашијан се бори со својата болест со години, која се га и се прошири по целото тело. Првично, таа успеваше да ја покрие со шминка и ја имаше само по нозе теи рацете, но сега псоријазата се шири, па се појави и на нејзиното лице и таа повеќе не успева вешто да ја прикрие.
38-годишната Ким се пошегува на своја сметка, па таа испрати фотографија со кафени дамки по лицето, како и фотографија од нејзините нозе на која таа напишала: „секси“.
„Не грижете се, тоа е само растителна маст“ – пишува Ким, која досега пробала разни креми за да ја елиминира оваа болест на кожата, но без успех.
Ким дури ги покажала и дамките по нозете и додала дека и лампите ѝ помагаат да ја излекува оваа опака болест.