Пејачката Лепа Брена неодамна откри дека во својот возен парк има автомобили за секоја прилика, дури и автомобил за на пазар.
Иако фолк дивата се вози во луксузни автомобили и во својата вила има неколку скапоцени автомобили, овојпат го проба најновиот тренд.
Таа не одолеа на најновиот тренд кој владее во Србија, па на улица се повози со тротинет.
Оваа снимка се појави на социјалните мрежи односно ја објави нејзиниот помал син Виктор Живојиновиќ.
На видеото се гледа како Брена е насмеана и расположена, а Виктор ја советува да застане.