Сигурно се запрашавте како е можно родителите да не бидат старатели на сопствените деца, но во кралското британско семејство тоа е можно.
Имено, според закон стар 300 години, малите принцови и принцези се под старателство на монархот на Англија, а тоа е кралицата Елизабета.
Па така, кога родителите сакаат да ги однесат децата надвор од земјата, дозвола треба да добијат од старателот.
Законот е воведен од страна на кралот Џорџ Први, кој владеел околу 1700 година.
Кога принцот Чарлс ќе стане крал, ќе биде старател на децата на Вилијам и Кејт, како и на идните наследници на Хари и Меган.